Македонија ја имаше најмладата ракометарка на цело ЕП

Женската репрезентација на Македонија го заврши настапот на Европското првенство по три меча на 18 позиција.

Сепак по еден факт, Македонија се издвои на континенталниот собир – ја имаше најмладата ракометарка на ЕП.

Десниот бек Ива Младеновска со 17 години и 326 дена се појави во „Феникс Арена“ во Дебрецин и постигна три гола во дуелите со Турција, Шведска и Унгарија.

Младеновска ги брани боите на францускиот Брест Бретањ, а зад своето име веќе го запиша учеството на второ големо натпреварување во сениорска конкуренција.