Македонија ја „гази“ Естонија среде Талин!

Машката репрезентација на Македонија игра одлично на гостувањето во Талин и има водство против Естонија со 19-10.

Избраниците на Кирил Лазаров отворија со предност со 2-0, а потоа домашните намалија на 3-2. Следуваше клучниот период на мечот. Естонците почнаа да промашуваат, Митревски фати две топки, па Македонија отиде на плус пет, 7-2.

Естонскиот селектор Нодла мораше да вика тајм-аут по десетина минути, но неговите момци и натаму не можеа да погодат. Македонија ја задржа домашната селекција на девет минути без гол и отиде на највисоки плус шест, 8-2.

Потоа се беше полесно, Лазаров почна со ротацијата на ракометарите, Ивановски одлично ги разигруваше соиграчите, па Македонија имаше и десет гола предност. На пауза се замина со 19-10.