Македонија ита кон победа – води со четири гола против Катар

Машката репрезентација на Македонија одигра ефикасно прво полувреме против Катар и води на пауза со солидни плус во натпревар од второто коло од главната фаза на Светското првенство 2025 во Данска, Норвешка и Хрватска.

Едни од најзаслужните за солидната предност на Македонија се голманот Марко Кизиќ, кружниот напаѓач Милан Лазаревски, како и капитенот Филип Кузмановски.

Избраниците на Кире Лазаров наметнаа брз ритам на старот и поведоа со 3:1 во воведниот дел. Веќе тука се забележа дека главниот адут на македонската репрезентација ќе биде брзата транзиција.

Кружниот напаѓач Милан Лазаревски беше расположен, одбраната на ниво, па така Македонија дојде до 6:3 во 6-та минута. По предноста на Македонија од 7:4, следуваа два гола во низа на Катар, кој во 10-та минута намали на минус еден, 7:6.

Катар кон средината на првиот дел со голот на Аиса дојде до камбек израмнувајќи на 9:9. По нерешените 11:11, Македонија со погодоците на Пешевски и младиот Стојковиќ успеа да се одлепи на 13:11 во 17-та минута.

Следуваше период, во кој нашата репрезентација успеа да заигра поангажирано и во 23-та минута дојде до плус четири, 17:13. Македонија до крајот на полувремето одржуваше резултатска предност, избраниците на Вујовиќ во желбата да дојдат повторно до камбек, сѐ повеќе грешеа, па така „црвено-жолтите“ на пауза заминаа со 21:17.