Македонија ЃП се поднови со Лешникоски и Трифуновски

Прволигашот Македонија ЃП за пролетниот дел од сезоната ангажираше две нови имиња.

Станува збор за десното крило Лука Лешникоски и повратникот во тимот, бекот Лука Трифуновски, двајцата последниот клупски ангажман го имаа во Скопје.

Трифуновски во својата кариера има настапувано во дресот на Македонија ЃП, додека Лешникоски пред да се пресели во Скопје беше дел од некогашниот суперлигаш Голден Арт.

Македонија ЃП веќе си има обезбедено пласман во плеј-оф фазата во прволигашкото друштво.

Натпреварите кај прволигашите ќе продолжат овој викенд, а Македонија ЃП ја очекува дуелот со Скопје од 14. коло.