Македонците со Ваљадолид го срушија силниот Гранољерс!

Македонските интернационалци Дарко Димитриевски и Димитар Димитриоски заедно со екипата на Ваљадолид приредија изненадување во Асобал лигата

Ваљадолид на свој терен го совлада минатогодишниот финалист од Лигата на Европа, тимот на Гранољерс, триумфираше со шест гола разлика, 36:30.

Двајцата интернационалци од Македонија во убедливата победа постигнаа по три погодоци и поделија неколку асистенции кон своите колеги.

За Ваљадолид ова беше важна победа во Асобал лигата и со новите освоени бодови остана во игра за 5. позиција на табелата.

Тимот на Димитриевски и Димитриоски до крајот од сезоната треба да одигра уште три натпревари.