Поранешниот европски првак Магдебург го промовираше второто засилување за претстојната сезона.
Станува збор за шпанскиот лев бек Антонио Серадиља, кој е познат како одличен играч во дефанзива.
Магдебург во Серадиља гледа замена за Пјотр Храпковски, полскиот дефанзивец кој замина во пензија.
Шпанецот доаѓа од норвешкиот Елверум и се обврза на едногодишна верност со бундеслигашкиот тим.
Претходно Магдебург го донесе пивотот Тим Зехел од Ерланген, а се раздели со Агерфорс, Смарасон и Меистер.