Маџовска го водеше Цвикау кон триумфален старт на Бундес лигата

Тимот на Цвикау, каде што игра македонската репрезентативка Симона Маџовска, имаше победнички старт на новата сезона во Бундес лигата.

Цвикау предводен од Маџовска и од Јапонката Накајава, славеше на домашен терен против составот на Блобмер со 27-21.

Македонската репрезентативка на овој натпревар успеа да постигне четири гола во мрежата на Бломберг од шест обиди.

Следен предизвик за Маџовска и Цвикау ќе биде гостувањето кај незгодниот Гепинген на 14 септември.