Maртон Секељ на списокот на Унгарија за двомечот со Германија

Пред неколку дена беше потврдено дека шпанскиот ракометен стратег, Чема Родригез ќе ја води унгарската репрезентација до летото 2024 година, а сега тој ги започнува и првите подготвки со репрезентативците како главен тренер.

Репрезентацијата на Унгарија денес го има првиот собир за подготовките во кои ќе одигра два натпревари против Германија. На списокот на Родригез се наоѓа и голманот на битолски Еурофарм Пелистер, Мартон Секељ.

Репрезентативците Мате Лекаи, Бенсе Бахиди и Ричард Бодо не се во составот поради семејни причини, додека Бока Бендегуз се соочи со повреда на рамото.

Натпреварите против Германија Унгарија ќе ги одигра на 19. и 20. март.