Maндиќ: Ако играме како со ПИК Сегед – имаме големи шанси против Вардар

Во текот на минатата недела ракометарите на Загреб направија голем подвиг победувајќи го ПИК Сегед во рамките од Лигата на шампионите.

Со тој триумф тимот на Загреб се врати на шестата позиција и се израмни по бројот на бодови со Елверум. Токму Загреб ќе биде следниот ривал на Вардар и тоа в среда во рамките од 20:45 часот.

Капитенот на Загреб, Давид Мандиќ верува дека неговиот тим може до позитивен резултат во Скопје.

„Верувавме во победа против ПИК Сегед, ме радува што нападот беше на ниво во овој натпревар. Вардар? Ги гледав во натпреварот против Монпелје, францускиот тим одигра лош натпревар. Ако ние бидеме на нивото од натпреварот со ПИК Сегед имаме големи шанси во Скопје“, изјави Мандиќ.

Во овој момент на табелата на 5. и 6. позиција Елверум и Загреб имаат по осум бода, еден повеќе од Вардар.