Mакедонска арбитража на финалето во „Јане Сандански“

Последниот натпревар на ЕХФ шампионатот во Скопје ќе донесе пресметка меѓу Холандија и Полска за првото место, а во него ќе има учесници и од Македонија меѓу официјалните лица.

Судиите Марија Илиева и Силвана Карбеска се делегирани за овој натпревар и тие ќе можат да судат интересно финале на овој шампионат. Средбата почнува од 18 часот, а на оваа средба ќе има уште едно официјално лице од Македонија.

Покрај судиите Илиева и Карбеска на записничката маса ќе биде и делегатот Ацо Николовски.

Како што е веќе познато, Македонија го освои 6. место на ЕХФ шампионатот откако загуби од Исланд после изведувањето на пенали со 30:32 (во регуларните 60 минути беше 28:28).