Легендарната репрезентативка на Норвешка, голманката Катрин Лунде, по одиграниот натпревар со Словенија во првото коло на ЕП 2024, мораше да се врати во својата татковина.
Според медиумите од Скандинавија, причината за заминувањето на Катрин Лунде била од приватни причини, па така на преостанатите два натпревари од групната фаза меѓу стативите на Норвешка ќе бидат Силје Солберг и замената за Катрин Лунде, Ели Марие Расок.
Лунде, доколку нејзината репрезентација обезбеди пласман во главната рунда, би требало да се врати на почетокот на следната недела за да може да им помогне на своите соиграчки. Иако Лунде е главен адут, сепак, нејзиното отсуство не би требало да претставува голем проблем за Норвешка во следните два натпревари.
Норвешка одбраната на титулата ја стартуваше со победа над Словенија од 33:26. Во второто коло главниот фаворит на континенталниот собир ќе се соочи со Австрија, додека во последното коло од групната фаза ќе игра со аутсајдерот Словачка.