Ловќен и Будуќност остануваат доминантни во Црна Гора

По освоениот национален шампионат, ракометарите на Ловќен го освоија и Куп трофејот во Црна Гора, откако во финалниот натпревар, на кој домаќин беше „Бемакс Арена“ славеа над Будванска Ривиера со 31:29 (18:12).

За Ловќен освоениот Куп трофеј беше 13-ти во својата клупска историја. По еден Куп трофеј во Црна Гора имаат освоено екипите на Будванска Ривиера, Партизат Тиват, Беране и Комови.

Во женското финале, кое исто така беше одиграно во „Бемакс Арена“ сосема очекувано Будуќност триумфираше над Рудар со 34:22 (17:10).

За Будуќност ова беше 18-ти Куп трофеј од осамостојувањето на Црна Гора, односно 18-та дупла титула.