„Лисиците“ го надитрија Магдебург, Нант го тресна ПСЖ!

Новата сезона во Германија започна со Супер Куп натпреварот, кој го доби Фуксе Берлин. „Лисиците“ беа подобри од Магдебург со 32-30, откако на полувремето беше нерешено, 17-17.

Овој успех за ривалот на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите е прв во историјата на ова натпреварување.

Толбринг беше најдобар стрелец со девет гола кај победникот, а Андерсон даде уште седум. Во составот на Магдебург, Магнусон постигна девет погодоци, а Лагергрен пет.

Во францускиот Супер Куп, Нант убедливо го победи ПСЖ со 36-29, и го освои трофејот третпат во историјата.

Никола Турна, кој се врати во Нант ова лето, и Ајуб Абди погодија по шест пати во триумфот над ПСЖ, додека во тимот предводен од Раул Гонзалес пет пати стрелаше Елоим Пранди.

Во женскиот Супер Куп во Германија, трофејот го освои екипата на Битигхајм Лудвигсбург која славеше против Мецинген со 32-24.