Легендарното десно крило замина во пензија: Темелков стави крај на кариерата!

Десното крило Владимир Темелков ја одигра последната сезона во играчката кариера и замина во играчка пензија. Темелков, кој има 44 години, ќе се посвети на тренерската кариера, а одамна работи како координатор на младинските екипи на Керженг од Луксембург.

Оваа сезона стана дел од стручниот штаб на првата екипа и кога не беше на теренот му асистираше на тренерот на Керженг, Разван Ценуса.

Велешанецот веќе 13 сезони е дел од Керженг, а во Македонија ги носеше дресовите на Борец и Пелистер до 2003 година пред да замине во Германија. Осум сезони одигра во Фулинген, Вилштат Шутервалд, Балинген и Кронау, а потоа се пресели во Луксембург.

За националниот тим на Македонија играше на три големи натпреварувања – СП 2009, ЕП 2012 и СП 2013 година по што ја заврши репрезентативната кариера.