Легендарната Гулден заплива во тренерските води

Откако пред една недела официјално објави крај на својата професионална кариера, шведската ракометна легенда Изабел Гулден веднаш започнува ново поглавје.

35-годишната Гулден се приклучи на стручниот штаб на Савехоф, клубот каде што и ја започна својата кариера.

Таа зад себе има богато интернационално искуство, ги носеше дресовите на Виборг, ЧСМ Букурешт, Брест Бретањ и Вајперс Кристијансанд.

Двапати ја освои титулата во Лигата на шампионите, во сезона 2015/16 со ЧСМ Букурешт и во сезона 2021/22 со Вајперс Кристијансад. Во дресот на Шведска одигра 224 меѓународни натпревари и постигна 846 голови.

„По 14 години се враќам таму каде што почна сè. Овој клуб не ме изгради само како играч, туку и како личност. Сега имам можност да го вратам долгот и да помогнам во развојот на новите генерации“, изјави Гулден.

Последен клуб во нејзината кариера беше Луги, каде што настапуваше од сезона 2022/23.

Шведската легенда Гулден оди во пензија!