Ова лето многу ракометари и ракометарки ги одиграа последните натпревари во играчката кариера, а меѓу нив е и легендарната Александрина Кабрал Барбоса.
Португалката со шпански пасош потекнува од Мадеира, а во 2005 година се пресели во Валенсија. Во Шпанија играше за Ичако и Моведре, мина неколку сезони и во Романија каде ги носеше дресовите на Рулментул Брашов, Валчеа, ЧСМ Букурешт и Глорија Бистрица.
38-годишната Барбоса настапуваше и во германскиот Турингер, рускиот Ростов Дон, француските Флери Луар, Нант и Брест Бретањ, каде ја одигра последната сезона на клупски план.
Со селекцијата на Шпанија, за која настапи на 120 меча и даде 573 гола, освои сребро на ЕП 2014 и СП 2019 година.
Carta de despedida Alexandrina Cabral Barbosa – Shandy- pic.twitter.com/yHDYuDGKwa
— Alexandrina Barbosa (@ShandyBarbosa86) September 3, 2024