Македонија одигра добар натпревар против еден од домаќините на СП, Хрватска, но на крајот загуби со 27-25.
Селекторот на нашата селекција, Кирил Лазаров, вели дека тоа што сакал да го види, го видел на овој натпревар.
„Задоволен сум од натпреварот, тоа што го сакавме го видовме во убавата атмосфера Вараждин. Не ме загрижува поразот. Мислам дека бевме добри и имаме уште две проверки до СП – со Сесвете и со Зеленортски Острови. Верувам дека Мундијалот ќе го дочекаме спремни“, изјави Лазаров за „Спортске Новости“.
Натпреварот меѓу Македонија и Сесвете ќе се игра на 10 јануари, додека на 12 јануари е пресметката со Зеленортски Острови.
Македонија е во група со Холандија, Унгарија и Гвинеја.
Македонија храбро и парираше на Хрватска, но на крајот загуби