Лазаров прозива за двомечот со Романија

По настапот на Европското првенство во Германија, машката репрезентација на Македонија ќе го има првиот собир.

Избраниците на Кире Лазаров во петок и сабота ќе играат пријателски натпревари против Романија во градот Браила.

Селекторот Лазаров на списокот стави 21 ракометар, но сосема извесно нема да смета на најмалку тројца од планираните.

Повредени се Ненад Костески, Павле Атанасијевиќ и Томислав Јагуриновски, кои ќе ја пропуштат оваа акција, а ќе видиме дали ќе има нови ракометари на списокот.

Натпреварите против Романија се дел од подготовките за бараж двомечот со Фарски Острови за пласман на Светското првенство.