Лазаров прозива – до сканди ЕП се стигнува преку Балтикот

Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, денеска ќе ја изврши прозивката на ракометарите за претстојниот голем предизвик.

Во последните две кола од квалификациите за пласман на ЕП 2026 во Данска, Шведска и Норвешка, Македонија ќе гостува кај Естонија во Талин и ќе игра дома со Литванија, а неопходни се две победи за место на континенталниот собир, иако и тоа може да не биде случај ако Литванците ја победат Словенија.

Лазаров за овие два меча повика 21 ракометар, а дали сите ќе бидат подготвени за настап останува да видиме.

Единствен интернационалец е голманот на германскиот Потсдам, Мартин Томовски, додека другите ракометари се од три домашни клубови – Еурофарм Пелистер, Вардар и тимот на Лазаров од Автокоманда.

Лазаров не може да смета за оваа акција на Петар Атанасијевиќ, Цветан Кузманоски, Игор Ѓорѓиев, Марко Митев и Никола Костески.

Наптреварот против Естонија се игра во Талин на 8 мај од 18:00 часот, додека оној против Литванија е на програмата на 11 мај во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот.

Македонија мора да чека пораз на Литванија, иако Словенија таму ќе оди со трет состав, за да остане во конкуренција за второто место. Во секоја друга комбинација, ќе се бори за трето место, ќе треба двапати да победи, но и да пресметува гол-разлика со другите третопласирани селекции од сите групи.