Македонија успеа да одигра реми 27-27 во драматичниот натпревар против големата Унгарија на стартот на СП 2025.
Кружниот напаѓач Милан Лазаревски вели дека и покрај пропуштената победа, резултатот е реален.
„Не е спорно дека можевме да дојдеме до победа, но можеби овој резултат е реален со оглед на тоа дека станува збор за исклучително квалитете противник. Секако дека ќе беше идеално да победиме но не може да бидеме незадоволни од овој исход. Мотивот беше на навистина високо ниво и тоа ни беше главен адут“, изјави Лазаревски.
Тој му го посвети овој меч на Александар Јовиќ.
„Му го посветувам овој натпревар на прерано заминатиот Александар Јовиќ. Кој не само со мене туку и со голем дел од овие играчи кои поминале низ школата на Металург и младинските селекции како и во младинската репрезентација имале прилика да соработуваат. Навистина не погоди веста. Можеби и тој не чуваше на овој натпревар одигравме и за него“, заврши Лазаревски.
Следен предизвик за Македонија ќе биде дуелот со Холандија на 17 јануари.
Костески: Тежок и исцрпувачки меч – малку фалеше да победиме!