Ракометарката на македонскиот првак Ѓорче Петров, Милена Менезес, со репрезентацијата на Бразил го освои златото на шампионатот на Средна и Јужна Америка.
Бразилките го освоија трофејот четврти пат по ред, со остварени пет победи на пет натпревари против сите конкуренти.
Решавачка беше победата над најголемиот ривал Аргентина со 31-22, додека трето местото го освои Уругвај, а четврти заврши Парагвај.
Менезес и нејзините колешки со освојувањето на трофејот го чекираа и билетот за Мундијалот 2025 во Германија и Холандија, каде покрај Бразил, пласман обезбедија и Аргентина и Уругвај.
Кружниот напаѓач пред крајот на годината со Ѓорче Петров ја очекува стартот на плеј-офот во Женската лига и дуелите со Чаир, Металург Автокоманда, Куманово, Вардар и Астибо.