Некогашната македонска репрезентативка и легенда на Кометал Ѓорче Петров, Лариса Кисељова, се соочува со голем проблем. Нејзината ќерка, која е родена во Скопје, во времето кога Лариса настапуваше за поранешниот европски првак, боледува од канцер на ногата.
Матичниот клуб на Кисељова, Ростов Дон, веќе спроведува акција за финансиска помош во тешката животна битка што ја очекува легендарната ракометарка и нејзиното семејство. Сите детали на кои може им се помогне финансиски на Кисељова и нејзиното семејство ги има ТУКА.
Кисељова има голем број на пријатели во Македонија, кои сигурно ќе можат да допринесат и да и помогнат во овој тежок период за неа.
Таа остави голема трага во македонскиот ракомет. Левото крило за многумина беше еден од најдобрите играчи, кој несебично гинеше за тимот во двата правци. Љубовта кон Кометал Ѓорче Петров прерасна и во љубов кон Македонија, па од руска репрезентативка која освои бронзен медал на Олимпијадата во Барселона во 1992 година, стана македонска репрезентативка и беше дел од тимот на европската и светската премиера на дамите на СП 1997 и ЕП 1998.
Кисељова до 2008 беше во Македонија, а во македонската престолнина е родена и нејзината ќерка Суна. Денеска живее и работи во родниот град Ростов Дон, каде е доцент на катедрата за спорт на Универзитетот во Ростов, тренер е на машката и женската универзитетска ракометна екипа, а исто така ангажирана е и во Ростовската федерација за младински ракомет.