Репрезентативецот на Полска и актуелен член на Висла Плоцк, десниот бек Томаш Пирох, ќе ја промени средината на лето и ќе се пресели во бундеслигашот Лајпциг.
Пирох дојде пред две сезони од францускиот Кретеј, но не покажа многу од своите квалитети ниту во полскиот шампионат, ниту во Лигата на шампионите.
Претходно Лајпциг гo aнгажираше голманот Томаш Мрква, кој доаѓа од Кил, a таму веќе игра уште еден чешки репрезентативец Матеј Клима, па може да се каже дека овој клуб станува чешка колонија.
Пирох потекнува од Плзен, настапуваше за бундеслигашот Мелсунген една сезона, како и во швајцарскиот Луцерн, пред да се пресели во Кретеј.