Лајпциг го промовираше српскиот „вундеркинд“

Бундеслигашот Лајпциг денеска го претстави новото засилување за следната натпреварувачка сезона.

Тоа ќе биде младиот и перспективен ракометар од Војводина, Лука Роган, на кој му се предвидува богата кариера.

Бидејќи Роган со Војводина имаше активен договор, бундеслигашот, според пишувањата на „Балкан Хендбол“, мораше да си плати оштета од 80.000 евра.

Кружниот напаѓач во Лајпциг ќе го има првото интернационално искуство и во Бундес лигата ќе остане најмалку две години.

Перспективниот Роган најголемиот успех со репрезентацијата на Србија го постигна на младинскиот континентален собир во Португалија (2022) освојуваќи ја бронзата.

20-годишниот ракометар минатата сезона со Војводина го освои златото во третото по ранг европско клупско натпреварување – Европскиот Куп.