Квастек: Не чека тежок дуел со Еурофарм Пелистер, ќе се обидеме да парираме

Екипата на Прилеп во 7. коло од Супер лигата ќе му гостува на актуелниот шампион Еурофарм Пелистер.

Прилепчани во претходното коло ремизираа против Голден Арт, но и понатаму остануваат во трката за пласман во плеј-оф фазата.

Хрватскиот интернационалец во редовите на Прилеп, Томислав Квастек, се надева дека со неговите соиграчи ќе се покажат во добро светло пред битолската публика.

,,Ние како екипа ќе дадеме сѐ од себе и ќе се обидеме да му парираме на Еурофарм Пелистер. Знаеме дека не очекува тежок дуел и ќе сакаме да се претставиме во добро светло. Нашиот план е да ја подигнеме формата и стилот на игра кој го практикуваме. Сега за сега сум задоволен како од моите настапи во дресот на Прилеп, така и од целиот колектив. Брзо се адаптирав во Прилеп, бидејќи моите играчи ја разбираат играта и кога си опкружен со такви играчи, не е тешко да се адаптираш. Ние ќе го дадеме максимумот за да обезбедиме плеј-оф, па ќе видиме што ќе се случи”, изјави Квастек.

Дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Прилеп е закажан за утре во спортската сала „Боро Чурлевски“ со почеток од 13:00 часот.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ГОЛДЕН АРТ1452717
2МУЛТИЕСЕНС1430119
3ВАРДАР НЕГОТИНО1420126