Македонскиот првак Еурофарм Пелистер го заврши настапот во Лигата на шампионите, а лидерите на битолчани, Филип Кузмановски и Никола Митревски се меѓу најдобрите по групната фаза во елитното натпреварување.
Капитенот Кузмановски се најде во ТОП 5 листата на стрелци по 14 натпревари со постигнати 87 погодоци на петтото место, а лидер е Марио Шоштариќ од ПИК Сегед со 102 бода, пред Матијас Гидсел (91), Мартим Кошта (89) и Камил Шипжак (88).
Освен во оваа категорија, капитенот на Еурофарм Пелистер, се наоѓа во ТОП 10 листата на асистенти, на седмото место со 37 успешни асистенции до колегите од тимот.
Искусниот Митревски се наоѓа во ТОП 10 на осмото место со 104 одбрани на 13 одиграни натпревари.
Македонскиот шампион ја заврши сезоната во ЛШ на седмото место во групата, со три победи, две реми средби и девет порази, а до претпоследното коло беше во игра за место во елиминациите.