Селекторот на машката кадетска репрезентација на Македонија, Горан Кузманоски, го објави списокот на ракометари за претстојното Светско првенство во училишен ракомет што ќе се игра во Скопје од 21 до 28 април.
Според пропозициите, Кузманоски ќе смета на 14 ракометари, а главно тоа се ракометарите што играа и на Медитеранското првенство во словачкиот град Шаморин.
Македонија вечерва ќе ги дознае ривалите и групата, по што ќе биде познат и распоредот на натпреварите, односно салите во кои ќе игра нашата репрезентација.
Натпреварите на овој Мундијал ќе се играат во две полувремиња по 25 минути, ќе има 21 репрезентација – три групи по пет и една со шест селекции.
Првопласираните од сите групи обезбедуваат место во полуфиналето.

























