Македонскиот стратег Марјан Колев си доби продолжување на договорот во францускиот тим Курнон Доверњ.
Иако двете страни на почетокот на месец јануари оваа година воспоставија нова едногодишна соработка, сега раководството на францускиот второлигаш одлучи повторно да го награди Македонецот поради солидните резултати.
Колев тимот на Курнон Доверњ ќе го води најмалку до јуни, 2025 година, и ќе има можност со неговите играчи да се избори за уште подобри резултати во Втората лига на Франција.
Македонецот долго време е во Франција, најпрво како играч, а потоа и како тренер. Во Франција пристигна во текот на 2013 година, додека во претходната сезона беше назначен за главен тренер на второлигашот
Претходно го водеше женскиот тим Ница со кој имаше низа успешни резултати во најквалитетното француско натпреварување.