Куп на Македонија: Познати се шеширите пред ждрепката кај дамите

Во Купот на Македонија во женска конкуренција ќе учествуваат 14 екипи. Тие ќе бидат поделени во четири групи, согласно пласманот во минатата сезона.

Првата и втората група ќе бидат со по четири екипи, додека третата и четвртата група ќе имаат по три екипи.

Во првиот шешир ќе биде Ѓорче Петров, Куманово кој е актуелен освојувач на трофејот во Купот, како и екипите на Вардар и Чаир.

Полуфиналните двојки во овие групи ќе се играат по принципот 1-4, 2-3, а победниците на четирите групи ќе се пласираат на завршниот турнир.

Куп на Македонија, жени, ждрепка:

шешир 1: Ѓорче Петров, Куманово, Вардар, Чаир
шешир 2: Пелистер, Овче Поле СУ, Стружанка, Шампион
шешир 3: Астибо, Деспина, Скопје
шешир 4: Гевгелија, Спартак, Металург Автокоманда