Куп на Македонија: Познати паровите во елиминациите, ќе има најмалку еден прволигаш во следна фаза!

Денеска во Ракометната федерација на Македонија беа извлечени двојките за елиминациското коло во Купот на Македонија.

30 екипи што се дел од оваа фаза ги дознаа своите ривали и на еден натпревар на 9 декември ќе се борат за групната фаза, каде што веќе е пласиран Вардар, кој е актуелен освојувач на трофејот.

Најинтересно би требало да биде на дуелите меѓу суперлигашите Голден Арт и Аеродром, како и меѓу прволигашите Радовиш и Преспа Вардар.

15 победници од овие натпревари (плус Вардар) ќе се пласираат во групната фаза, која ќе се игра во март во еден викенд.

Наајдобрите четири екипи од четирите групи ќе обезбедат место на завршниот турнир што стандардно ќе се игра во месец мај.

Куп на Македонија, мажи, елиминациско коло:

Бисинов – Мулти Есенс
Кичево – Вардар Неготино
Металург РА – Скопје
Голден Арт – Аеродром
Еурофарм Пелистер 2 – Овче Поле
Партизан Гевгелија – Тиквеш
Еурофарм Пелистер – Шампион
Куманово – Текстилец
Бутел Скопје – Македонија ЃП
Борец – Пролет
Драчево – Алкалоид
Преспа Вардар – Радовиш
Прилеп – Јехона
Астраион – Струга
Младост Богданци – Охрид