Тимот на Куманово на гостувањето во Свети Николе кај Овче Поле СУ ја забележа 19-та победа во Женската лига, откако триумфираше со 34:26.
Домаќинот парираше во неколку наврати во првиот дел, но вицепрвакот не дозволи да има никакво изненадување, на полувреме замина со предност од 16:9 и според очекувањата го одигра вториот дел.
Најефикасна во победничката екипа беше кружниот напаѓач Сара Цветановска со девет погодоци, по осум имаа Адела Еленин и Сузана Зечевиќ.
Во поразениот табор се истакна Анастасија Сентовска, која воедно беше и најефикасна на натпреварот со десет погодоци.
Куманово во последното коло од Женската лига на свој терен ќе игра против Металург Автокоманда, додека Овче Поле СУ ќе гостува кај Гевгелија.