Куманово убедлив против српскиот Власотинце во пријателски натпревар

Тимот на Куманово по триумфот над Младост Богданци, запиша уште еден во пријателски натпревар пред стартот на пролетниот дел од сезоната.

Засилените кумановци, кои ги води Љубиша Димковски, победија на гостувањето во Србија кај тимот на Власотинце со 35-26.

Најдобри стрелци беа Костов со осум гола, како и Стевовиќ, Тасевски и Радичевиќ со по пет погодоци.

Следен пријателски натпревар во рамките на подготовките за клучниот дел од сезоната, кумановци ќе го одиграат в недела против Врање.

Куманово ќе стартува со еден бод во плеј-аут натпреварите, но осетно го засили ростерот и посакува опстанок во елитната конкуренција.