Куманово со сефте победа во Супер лигата

Ракометарите на Куманово со триумфот над Скопје од 29:21 во натпревар од 12. коло се израдуваа на првата сезонска победа во суперлигашката конкуренција. Скопје сега останува единствениот тим без победа.

Куманово првиот удар го зададе кога во периодот од 35 до 45 минута кога при нерешени 15:15 постигна пет погодоци, а прими само еден, потоа оној клучниот во последниот дел, во кој целосно го надигра гостинот, кој десет минути не можеше да го пронајде патото до мрежата на домашниот табор.

Домашниот тим по нерешениот старт успеа да наметне свое темпо и со погодоците на искусниот кружен напаѓач Ѓурковиќ стигна до предност од 6:2 во воведните десет минути. Екипата на Скопје, која речиси осум минути немаше реализација, третиот гол на натпреварот го постигна во 15 минута преку Фидановски за прекинување на домашната серија.

По предноста на домаќините од 7:3, гостинскиот тим успеа за момент да се консолидира, врза два гола во низа, кои беа дело на Шокоски, и намали на 7:5. Во тој момент гостите како да подзастанаа и дозволија домаќинот до 25 минута да има целосна контрола на теренот. Куманово знаеше како да ја пробие гостинската одбрана и да дојде до гол, на осум минити пред крајот на првиот дел поведе со 11:6.

Овие пет гола разлика на домаќините не беа никаква гаранција за поволен резултат на натпреварот. Скопје на моменти се закануваше, намалуваше, и како одминуваше времето паѓаше ритамот на игра во домашниот табор. Избраниците на Димитриоски одиграа одлично во финишот од полувремето и се изборија за реми на пауза, 12:12.

Вториот дел започна динамично, се играше гол за гол, а црвен картон во 35 минута поради три исклучувања заработи членот на Скопје, Јован Фичороски. По нерешените 15:15, тимот на Куманово направи серија од 4:0 и во 40 минута имаше солидна предност од 19:15. Во 45 минута резултатот беше 21:17 во корист за домаќините.

Скопје застана на 17 погодоци, домаќините ја продолжија серијата, поведоа со 25:17 и рутински го одработија последниот период. Ракометарите на Скопје имаа малку време да намалат дел од негативата и на крајот мораа да се помират со поразот.

Најефикасен во победничката екипа беше Зоран Ѓурковиќ со осум погодоци, по шест постигнаа Влатко Тасевски и Уча Гамзардија. Кај Скопје прв стрелец беше Давор Шокоски со шест погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД14131040
2ОХРИД14110333
3ТИКВЕШ14110333
4СТРУГА1470721
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21460818
6АЕРОДРОМ1441913
7КУМАНОВО1412115
8СКОПЈЕ1402122