Металург Автокоманда запиша нова победа во плеј-офот од Женската лига и останува во трка за титулата заедно со шампионот Ѓорче Петров и Чаир.
Избраничките на Јулијана Дамчевска славеа во натпреварот против Куманово со 27-20, кој знае да биде незгоден за домаќинките, но сега тоа не беше случај.
Неизвесно беше до 5-5, потоа Металург Автокоманда направи серија од четири гола за 9-5, а до полувремето ја задржаа таквата предност.
Во вториот дел немаше многу неизвесности, разликата во корист на домаќинките отиде и на плус девет.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Јана Ѓошевска со девет и Марија Јанкуловска со седум гола, додека кај Куманово се истакна Сузана Зечевиќ со осум.
Ѓорче Петров има 15 бода но и меч помалку, додека Чаир и Металург Автокоманда го следат со по 13 бода и ќе играат меѓусебе во следното коло.