Македонскиот вицепрвак Куманово ја забележа четвртата победа во четвртиот натпревар од Женската лига.
Избраничките на Славиша Димитријески славеа на домашен терен против составот на Деспина од Прилеп со 28-17.
Домаќинките поведоа со 7-1, па беше и 11-2, па стана јасно каков наптревар ќе гледаме до крајот.
На паузата Куманово водеше со 15-7, а второто полувреме беше само формалност, па шанса за настап добија сите ракометарки.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Адела Еленин со осум и Сара Цветановска со шест гола, додека кај Деспина се истакна Мери Гичева со девет погодоци.