Куманово и Мрвовиќ се разделија – Србинот се врати во татковината

Поранешниот младински и кадетски репрезентативец на Србија, Вучко Мрвовиќ, повеќе не е дел од екипата на Куманово, откако двете страни спогодбено го раскинаа договорот.

Мрвовиќ во минатата сезона беше меѓу најдобрите стрелци во суперлигашката конкуренција во Македонија, но и меѓу најзаслужните за обезбедениот опстанок на неговиот поранешен клуб.

Младиот ракометар одлучи да се врати во својата татковина и да ги засили редовите на Металац од Краљево, па така Мрвовиќ ќе има нов предизвик на домашна сцена.

Новиот клуб на Мрвовиќ настапува во Супер Б лигата во Србија и моментално се наоѓа на 8. позиција.

Левиот бек во Македонија го имаше второто интернационално искуство, еден период настапуваше во шампионатот на Грција, поточно во екипата на Филипос Верија.

Во својата клупска кариера беше дел и од екипите на Рудар Костолац, Раднички Крагујевац и Спартак Војпут.