Тимот на Куманово продолжува со формирањето на играчкиот ростер пред стартот на новата сезона.
Раководството се договори за продолжување на соработката со двајцата голмани Христијан Михајловски и Данијел Димитријевски.
Двајцата потпишаа нови договори и ќе останат да го бранат голот на Куманово најмалку до 2026 година.
Претходно раководството на Куманово се раздели со двајца од странците, Милош Благојевиќ и Михајло Стевовиќ. Од Куманово замина и кружниот напаѓач Стефан Атанасовски, како и најдобриот стрелец Наум Костов.
Куманово ги договори десниот Иван Митревски од Радовиш, левиот бек од младинскиот погон на Еурофарм Пелистер, Благој Христовски, потоа Христијан Крстаноски, младиот пивот Цековски, доаѓа и младинскиот репрезентативец Давид Димевски, како и десното крило Дамјан Јакимовски, кој минатата сезона беше дел од Скопје.
За Куманово потпиша и ракометарот од Бразил, Каио Винициус Де Соуза Мораис, а соработката со клубот ја продолжија кружниот напаѓач Дарио Симоноски и искусниот Грузиец, Уча Гамзардија.