Кумановци ја презедоа челната позиција во плеј-аутот

Ракометарите на Куманово со победата над Скопје од 32:25 во 10. коло од суперлигашкиот плеј-аут дојдоа до 26 бодови на свое конто и ја презедоа лидерската позиција на табелата.

Кумановци сега имаат 26 бодови, на второто место е тимот на Прилеп, кој пред стартот на 10. коло беше лидер со 24 бодови, на третата позиција се наоѓа Еурофарм Пелистер 2, младиот тим од Битола има 21 бод, а во игра за опстанок во елитата сѐ уште екипите на Вардар Неготино и Мулти Есенс, кои имаат 18, односно 17 бодови.

Составот на Куманово на денешниот дуел во Скопје кај истоимената екипа не сакаше премногу да форсира, бидејќи во следното коло го очекува пресметка со незгодниот Голден Арт. Избраниците на Оливер Димитриоски парираа колку што можеа во првиот дел, но во второто полувреме разликата во квалитет веќе беше видлива.

Голем хендикеп за домаќините беше отсуството на најдобриот стрелец, левиот бек Давор Шокоски. Куманово победата ја запиша во првиот дел, на пауза имаше 16:11 и без многу проблеми ги одработи вторите 30 минути.

Предводници во победата на Куманово беа Наум Костов со седум, Милош Благојевиќ со шест и Огњен Радојичиќ со пет погодоци.

Во поразениот табор најефиксни со по седум погодоции беа Бојан Чакалиќ и Дамјан Јакимовски.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП14111236
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 214100433
3ВАРДАР НЕГОТИНО1480624
4МУЛТИЕСЕНС1471623
5ГОЛДЕН АРТ1451819
6СКОПЈЕ 20201420126
7АЕРОДРОМ1400142