Ракометарите на Охрид се подготвуваат за последниот натпревар од регуларниот дел од Супер лигата на гости во Автокоманда.
Дефанзивецот Мики Кукоски вели дека евентуален триумф на тешкото гостување ќе влијае позитивно на атмосферата во екипата.
„Не очекува тежок натпревар кој за нас нема ништо да смени на табелата ако го загубиме, но може многу да добиеме ако победиме пред почеток на плеј-оф за самодоверба и добра атмосфера во екипата која ќе биде клучна во овој дел од првенството“, изјави Кукоски.
Натпреварот меѓу „сино-белите“ од Автокоманда и Охрид се игра в среда со почеток во 19:00 часот.
Oхриѓани без оглед на резултатот, ќе пренесат еден бод во разигрувањето за титулата.