Крстески: Само со добра одбрана можеме до три бода против Голден Арт

Ракометарите на Прилеп во рамки од 13. коло во суперлигашката конкуренција ќе гостуваат во Скопје кај тимот на Голден Арт. Прилепчани во претходното коло беа подобри од дебитантот од Автокоманда и на утрешниот дуел ќе посакуваат да дојдат до првата гостинска победа.

Двете екипи првата меѓусебна пресметка во оваа сезона ја имаа на 11 октомври во 6. коло од елитата. Тогаш дуелот под Марковите Кули заврши без победник, 28:28.

Избраниците на Божидар Мојсов на табелата имаат 10 бода, додека Голден Арт четири бода повеќе, односно 14. Прилепчани со евентуална победа ќе се зацврстат на 6. позиција во својата група и во плеј-аутот фазата ќе пренесат 2 бода, со оглед на тоа што нема да имаат повеќе шанси за прогрес, бидејќи за последен ривал од регуларниот дел го имаат бранителот на титулата Еурофарм Пелистер.

Еден од најмладите членови во составот на Прилеп, Ангел Крстески, кој дадената минутажа во суперлигашките натпревари максимално ја користи, ги истакна своите очекувања за дуелот со „градежниците“.

,,Натпреварот со Голден Арт ќе биде тежок и за двете екипи, секој бод за нас е многу важен. Работиме и се подготвуваме напорно за овој дуел и се надевам дека ќе се израдуваме на прва гостинска победа. На утрешниот дуел пресудно би била одбраната и добрата реализација. Само добро одиграна одбрана може да ни донесе три важни бода. Јас секоја шанса што ми е дадена да играм на терен ја користам максимално и сум задоволен со мојот пристап на терен”, изјави Крстески.

Средниот бек исткана дека лошиот пристап на дел од натпреварите, како и тешката група, се причина што неговиот тим нема да се натпреварува во плеј-оф фазата.

,,Не сум задоволен многу од постигнатото на мојот клуб, бидејќи имавме големи очекувања. Можевме многу подобро да одиграме на дел од натпреварите, немавме многу среќа на некои од нив. Главната причина за испуштеното место во плеј-офот беше нашиот слаб пристап на повеќето од натпреварите, но и тешката група, во која имаме силни ривали”, заврши Крстески.

Натпреварот меѓу Голден Арт и Прилеп се игра утре, со почеток од 19:00 часот во малата сала во СЦ „Јане Сандански“.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119
8ВАРДАР НЕГОТИНО1420126