Крим немаше сили за четвртфинале, Лудвисбург патува во ТОП 8 во ЛШ

Екипата на Крим е препоследниот учесник во четвртфиналето на Лигата на шампионите, иако загуби на гости кај словенечкиот Крим во Љубљана со 26-23.

Сепак триумфот пред една недела со десет голови разлика на домашен терен, беше доволен за прогрес и двомеч со унгарскиот Ференцварош.

Словенечкиот шампион на десетина минути до крајот на мечот имаше и плус пет, но немаше сили за нешто повеќе и комплетен камбек од високата гостинска негатива.

Лудвигсбург набрзина врати на минус еден и се што направи Крим е тоа што забележа пирова победа.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Грос со десет и Станко со шест погодоци, додека кај Лудвигсбург, четири гола даде Лехтер, но се истакна и голманката Бундсен со 15 одбрани.