Кратко траеше словенечката авантура – екс бомбардер на Вардар и Металург замина од Требње

Некогашниот српски репрезентативец и член на Вардар и Металург, Милош Драгаш, по само една полусезона си замина од словенечкиот Тримо Требње.

Левиот бек, кој се одликува со силниот шут од далечина е нов член на романскиот тим Политехника Темишвар, а за него ова е камбек во Романија.

33-годишниот Драгаш потекнува од Прибој, а откако остави одличен впечаток во Металопластика Шабац дојде во Скопје во Вардар во сезоната 2012/13.

Со Вардар играше во Лигата на шампионите и во ЕХФ Купот, а потоа се врати во тимот на Металопластика.

Следуваше трансфер во Металург, а во Автокоманда играше во сезоната 2016/17. Потоа пет сезони мина во Романија во тимовите на Баја Маре, Темишвар и Потаиса Турда.