Кратко траеше авантурата на Ненадиќ во Саудиска Арабија

Најдобриот српски ракометар во последните неколку години, Петар Ненадиќ, моментално, е слободен играч.

Искусниот ракометар на почетокот на оваа сезона се пресели во Саудиска Арабија и го облече дресот на Ал Хилаџ.

Иако Ненадиќ во новиот клуб имаше одлична заработка, неговиот договор беше 600.000 долари годишно, сепак, реши да го напушти скапиот проект.

Ненадиќ во Саудиска Арабија пристигна од ПСЖ, во францускиот шампион исто така мина краток временски период, во вториот дел од минатата сезона беше замена за Никола Карабатиќ.

Левиот бек во својата кариера настапуваше и за Веспрем, Фуксе Берлин, Холстебро, Висла Плоцк, ПИК Сегед, Барселона и Црвена Звезда.