Овој месец заврши судскиот процес за десното крило на полскиот Келце и Франција, Беноа Конку, на кој му се судеше за „сексуални претензии“, а не за обид за силување за што беше обвинет претходно.
За потсетување, против Конку беше отворена истрага за обид за силување, десното крило најпрво беше во притвор, па потоа обвинителството во Париз одлучи ракометарот да се брани од слобода.
Главниот суд во Париз стави крај на сагата со Конку и на денсото крило му изрече парична каза од 4.1000 евра за „сексуална претензија“, сума која 27-годишниот ракометар нема да има проблем да ја исплати, бидејќи има високи примања.
Конку е дел од поширокиот список на селекторот Гијом Жил за настап на Олимписките игри, кои ќе се одржат во Париз, а многу е веројатно дека ќе се најде и на финалниот список.