Koстески успешно опериран, го чека долг период на рехабилитација

Македонскиот репрезентативец Ненад Костески беше успешно опериран во текот на вчерашниот ден во Скопје.

Членот на шампионот Еурофарм Пелистер од денеска го започнува долгиот процес на рехабилитација и се очекува да се врати на терените за најмалку шест месеци.

Десното крило се повреди на натпреварот со Колстад од Лигата на шампионите во Норвешка уште по две минути.

По деталните извршени прегледи беше потврдено дека се работи за скинат преден вкрстен лигамент на десното колено.

Тој освен што ќе ги пропушти решавачките натпревари на Еурофарм Пелистер во битката за одбрана на титулата, нема да биде дел ниту од македонската репрезентација во бараж двомечот против Фарски Острови.