Македонија одигра реми со Австрија, 29-29, иако беше пред пораз во драматичниот натпревар oд првото коло на главната рунда.
Еден од подобрите на теренот беше Ненад Костески, кој вели дека ремито против Австрија е рамно на победа.
,,Очекувавме ваков натпревар, знаевме со каква репрезентација имаме работа. Фала му на Бога, заслужено дојдовме ако не до победа, барем до реми. Овој резултат ние го гледаме како победа, среќни сме сите. Сега против Катар мора да се подготвиме најдобро што можеме затоа што сакаме да го добиеме тој дуел. Имаме ден да се одмориме и со нови сили да одиме на победа”, изјави Костески.
Следен предизвик за Македонија ќе биде натпреварот со Катар на 23 јануари од 15:30 часот.