Костески незапирлив, Плзен со „чистка“ за Фридек

Екипата на Талент Плзен, во која настапува репрезентативецот на Македонија, Никола Костески, одигра одлично во четвртфиналната серија против Фридек Мистек.

Талент Плзен се пласира во полуфиналето од плеј-офот во шампионатот на Чешка, откако ги доби сите три дуели против Фридек Мистек во четвртфиналето.

На денешниот трет натпревар, тимот на Талент Плзен славеше со дури 14 гола разлика, 41:27, додека останатите два дуели ги доби со помала разлика.

Костески денеска блескаше на теренот, беше најефикасен со седум постигнати погодоци во мрежата на домаќините.