Косово парираше 50 минути против Полска, но на крај загуби убедливо

Репрезентацијата на Косово беше не прагот да направи сензација во квалификациите за Европското првенство 2024, но во последените десет минути на дуелот со Полска остана без сили.

Полска успеа да триумфира над Косово со 34:27 и направи голем исчекор кон остварување на посакуваната цел.

Овие репрезентации на 7 април ќе го одиграат реванш дуелот, по што ќе биде познато која од нив две ќе обезбеди пласман на континенталниот собир.

На останатите натпревари немаше ниту едно изненадување, фаворитите одиграа според планот и очекувано ја оправдаа фаворитската улога.

Германија со победата над Украина од 43:21 го завери пласманот на континенталниот собир.

Сите земји учеснички на Европското првенство 2024, на кое се пласира Македонија, ќе бидат познати по последното квалификациско коло.

Резултати од денешните квалификациски натпревари:

16:30 ИЗРАЕЛ – СЛОВАЧКА  24-35
17:30 ФИНСКА – ЧЕШКА 23-43
17:45 КОСОВО – ПОЛСКА 27-34
18:10 ЛЕТОНИЈА – СЛОВЕНИЈА 16-43
19:00 УКРАИНА – ГЕРМАНИЈА 21-43
20:00 БИХ – РОМАНИЈА 16-37
20:00 ПОРТУГАЛИЈА – ХОЛАНДИЈА 25-36