Некогашниот ракометар на Вардар, Жоан Кањелас, нема да ја заврши кариерата на начин каков што посакуваше.
Средниот бек заработи повреда на десната нога, која ќе го спречи да игра на Олимписките игри во Париз.
Шпанскиот селектор Жорди Рибера реагираше веднаш и повика замена, па местото на Кањелас ќе го пополни Хорхе Македа.
Шпанците загубија на контролата со Норвешка со 35-29, а вчера одиграа уште еден меч зад затворени врати со истиот ривал.
„Тажно е што завршувам вака“, напиша шпанскиот интернационалец на социјалните мрежи.