Колстад одлучи да не се „расфрла“ со пари – пазареше на Исланд!

Норвешкиот шампион Колстад започна со формирањето на ростерот за следната сезона и одлучи да не се „расфрла“ со пари.

Ново име во Колстад е средниот бек од Исланд, Бенедикт Гунар Оскарсон, кој игра на позицијата среден бек.

Оскарсон и раководството на клубот од Норвешка се договорија на соработка со важност од две сезони.

21-годишниот ракометар во Колстад ќе го има првиот интернационален предизвик, како и можноста да напредува на едно повисоко ниво.

Претходно Колстад се засили со поранешниот репрезентативец на Норвешка, Магнус Сондена.